Дебитираше првиот „Maybach“ кој може и на струја

Точка

13/02/2023

16:03

9.280

Големина на фонт

а а а

Автомобилот има ознака „Mercedes-Maybach S580e“, каде буквата „е“ во името се однесува на „plug-in“ хибридниот погон. Најголемата и веројатно единствена вистинска иновација се однесува на погонот.

Електрификацијата влијаела и на тоа „Maybach“ да се спушти меѓу смртниците, односно на ниво од шест цилиндри.

Имено, во срцето на погонот е 3.0-литарски шестцилиндарски бензински мотор со 367 коњски сили и 500 Nm, а комбиниран е со електромотор кој произведува максимални 150 коњски сили и 440 Nm.

Вкупната комбинирана сила е 510 коњски сили, а вртежниот момент достигнува 750 Nm, што одговара на „обичниот“ „Mercedes S580e“.

Очекувано, перформансите се исти, што сугерира дека ова луксузно возило достигнува 100 км/ч за 5,1 секунда, а максималната брзина е лимитирана на 250 км/ч, односно на 140 км/ч, доколку автомобилот се движи само на струја.


Автомобилот се испорачува со полнач со сила од 11 kW, додека како опција е достапен и помоќен од 60 kW. Електричниот домет е 100 километри.

Впечаток е дека електрификацијата на „Maybach“ се случува по малку срамежливо, па единствените знаци за препознавање на електрифицираната верзија се сините детали во фаровите и портата за полнење.


Внатре новина е само индикаторот на статусот на батеријата на дигиталната табла.

И една занимливост. Овој модел ќе дебитира во Кина, па на Тајланд, па дури потоа ќе пристигне во Европа.

До крајот на годината пристигнува првиот целосно електричен „Maybach“, веројатно заснован на моделот „Mercedes EQS SUV“.