Објавена листа на најдобрите и најлоши возачи на светот, еве кој е на првото место

Супермен

14/02/2023

12:54

5.966

Големина на фонт

а а а

Експертите за осигурување на автомобили „Compare the Market“ објавија листа на земји од кои доаѓаат најдобрите и најлоши возачи.

На листата се најдоа 50 земји, а свеста и опасноста во сообраќајот, квалитетот на патиштата и возењето во алкохолизирана состојба се дел од критериумите според кои се водело ова истражување.

Јапонците се најдобри возачи на светот

Според листата, најдобри возачи на светот се Јапонците. Границата на алкохол во крвта е прилично ниска, 0,03 г/дл, а Јапонија е четврта во категоријата најквалитетни патишта, што значи дека е безбедна земја не само за возачите туку и за пешаците.


Интересно, дури 8 од 10-те најбезбедни земји за возење се наоѓаат во Европа. Холанѓаните се најдобри возачи во Европа, кои се најдоа на високото второ место на листата. Исто така, Холандија е на второ место во категоријата најквалитетни патишта, веднаш зад Сингапур, и има едно од најниските нивоа на смртни случаи во сообраќајот во светот - само 4 на 100.000 жители.

Што се однесува до балканските земји, Словенците се наоѓаат на 16-то место на листата, Хрватска е на 22-то место, Србите на 27-то место, а Босна и Херцеговина на 38-то место. Македонија не се најде на листата.

Која земја ги има најлошите возачи?

Тајланд е прогласен за земја со најлоши возачи на светот, со далеку најголем број трагични смртни случаи во сообраќајот, дури 32 на 100.000 луѓе. Зад него е Перу, а потоа следат Либан, Индија и Малезија.

Целосната листа можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk