Дали ова е најтешката работа на светот? На глава носат и по 15 килограми цигли – за бедна дневница

Супермен

15/03/2023

14:51

5.769

Големина на фонт

а а а

Британската фотографка Џој Саха со дрон успеала да направи неверојатни фотографии во Дака во Бангладеш на т.н. полиња на цигли.

Работниците на глава носат голем товар – и до 1.500 цигли дневно, за мизерни пари.

Иако постојат модерни машини за изработка на цигли, во Бангладеш сè главно се прави рачно, односно со истата техника која ја користеле нашите предци пред околу 150 години.


Земјата се меша со вода, се обликува цигла и се остава да се исуши на сонцето пред да се стави да се пече.

Печките за печење цигли испуштаат отровна пареа која е  штетна за очите, белите дробови и грлото, а оставаат и негативни последици на околината. Според некои статистики речиси 60 отсто од воздухот во Дака е загаден од таа индустрија.


Без оглед на тоа, околу 400 илјади мигранти од сите генерации и од различни делови на земјата, секоја година одат таму за да работат на полињата со цигли и да заработат за леб.


Не само што носат прекумерна тежина која им се заканува на здравјето, туку работат и во тешки услови, на жешко сонце и во голема прашина од 12 до 14 часа дневно, шест денови во седмицата без никаква заштитна облека.

Тие за таа работа добиваат по 350 бангладешки така од ден, односно околу 3 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk