Семи, која се пензионирала на 24 години, вели дека има прекрасен живот и дека нема потреба да работи. Таа е во врска со постар маж, кој добро заработува и ѝ обезбедува сè што ѝ треба.
Многумина ја нарекуваат спонзоруша, но таа не обрнува внимание на тоа, туку на социјалните мрежи ги покажува своите луксузни патувања и одморалишта во кои престојува.
Дури објавила и видео на кое нејзиниот постар избраник ѝ дава многу пари. Ова видео ги запрепастило Интернет корисниците, кои во коментари ѝ пишуваат дека е спонзоруша, а таа едноставно се согласила со нивните коментари.
Се осврнала и на жените кои работат за да ги заработат своите пари и рекла дека тие не се ништо посебно и дека животот ѝ е многу поубав од било која од нив.
Исто така, тврди и дека сите мажи се „лажговци“, па кога веќе може да бира со кого ќе биде во врска, го избира оној кој има пари, пренесува „The Sun“.