Германскиот актер Гедеон Буркхард кој нашата публика го памети по улогите во сериите „Inspector Rex“ и „Alarm for Cobra 11 – The Motorway Police“, живее живот кој за многумина би бил незамислив – во тројка.
Тој е во среќна врска со две девојки – Саша Ведута и Ен-Брит Дитмар.
„Тоа не е само сексуално – имаме урамнотежена и длабока врска во сите аспекти од животот“, изјавил Буркхард за германскиот магазин „Bunte“. 53-годишниот актер живее во Берлин со Саша и Ен-Брит во стан во пространа стара зграда, во која неодамна се доселила и неговата мајка Елизабет вон Моло.
„Не можете да замислите дека мојата мајка, која не секогаш беше воодушевена од моите пријателки, ќе се заљуби во двете девојки“, изјавил Гедеон и додал дека треба да купи поголем брачен кревет бидејќи постоечкиот станал премал за тројцата.
За Саша зборуваше во јуни 2022 година. Рече дека одлично се согласуваат и имаат исти желби во животот. Бидејќи таа е Украинка, на почетокот имале врска на далечина.
„Саша ме посети 2 недели пред почетокот на војната и тогаш, секако, не можеше да се врати“, изјавил Буркхард.