Дали ќе го положите јапонскиот тест на интелигенција со кој таму ги тестираат кандидатите за работа? Треба да решите една задача со 6 услови

Супермен

26/04/2023

13:30

8.859

Големина на фонт

а а а

На интернет можат да се пронајдат бројни тестови на интелигенција, меѓу нив има и еден јапонски тест на интелигенција којшто го користат тамошните угледни компании за да направат подобра селекција на кандидати за разговор за работа.

Овој тест се состои од една задача – треба да се префрлат луѓето од една на друга страна на крајбрежјето, а да не се прекршат следните услови:

1. Сплавот може истовремено да пренесе најмногу две лица.

2. Таткото не смее да остане во друштво на ќеркичката доколку тука не е мајката.

3. Мајката не смее да остане во друштво на синовите доколку таткото не е тука.

4. Крадецот не смее да остане сам со било кој член од семејството доколку тука не е полицаецот.

5. Крадецот може да остане сам на крајбрежјето затоа што нема да може да побегне.

6. Со сплавот знаат да управуваат само полицаецот, таткото и мајката.

Дајте си себеси колку и да ви е потребно време, па добро размислете.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Доколку не можете да го пронајдете решението, погледнете го одговорот во видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk