Парламентот на Уганда денеска ја усвои во главно непроменетата верзија на еден од најригорозните закони во светот против „LGBTQ“ лицата со кој е предвидена смртна казна за хомосексуалци.
Претседателот на Уганда Јовери Мусевини, побарал да се изменат одредени одредби од првобитниот предлог на тој закон кој парламентот го усвои во март.
И покрај некои измени, новиот закон задржува поголем дел од најострите мерки од законот усвоен во март, пренесува „Reuters“
Законот предвидува смртна казна за хомосексуализам, а 20 години затвор за промовирање на хомосексуализам.
Мерката, која ги обврзувала луѓето да пријават хомосексуални активности, е изменета така што бара пријавување само доколку во тие активности е вклучено дете.
Мусевини минатиот месец го врати предлог законот во парламентот, барајќи да се отстрани обврската за пријавување и да се воведе одредба за олеснување на „рехабилитацијата на геј лицата“.
САД и ЕУ го осудија овој закон на Уганда.