Среќен роденден Новак! Најдобриот тенисер на светот денеска го прославува својот 36-ти роденден

Супермен

22/05/2023

11:05

7.056

Големина на фонт

а а а

На денешен ден пред 36 години е роден најдобриот спортист во историјата на Србија.

Најдобриот светски и српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес полни 36 години и продолжува со испишување на историјата во белиот спорт.

Новак е вториот најстар тенисер во историјата кој бил на врвот на АТП листата, и од ден во ден докажува дека годините за него се само бројка.


На првото место на АТП листата помина 386 недели и е апсолутен рекордер во двете категории. Успеа да го сруши рекордот кој го држеше легендарната германска тенисер Штефи Граф, која на тронот беше 377 недели.

Ѓоковиќ во кариерата освои 22 Гренд слем титули - 10 пати беше шампион на Австралија Опен, 7 пати на Вимблдон, 3 пати на УС Опен и 2 пати на Ролан Гарос.


Тој е првиот тенисер во историјата кој ги освоил сите турнири од Мастерс серијата 1000 и рекордер по бројот на освоени Мастерси (38 во кариерата). Србинот е прв тенисер во Опен ерата кој успеал да го освои секој Гренд слем минимум 2 пати. Вкупно во кариерата освои дури 93 трофеи.


Во 2010 година ја предводеше Србија до победата во Дејвис купот и во АТП купот во 2020 година. Освојувач е и на бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Приватно, Новак ужива во богатството кое го сочинуваат неговата сопруга Јелена и децата, синот Стефан и ќерката Тара.

Среќен роденден, легендо!


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk