Потврдено: „Meta“ и „Facebook“ рекордно казнети поради пренос на податоците на корисниците

Точка

22/05/2023

13:14

12.325

Големина на фонт

а а а

Ирската комисија за заштита на податоците (DPC), главниот регулатор за приватност во ЕУ, денеска ја казни компанијата „Meta“, сопственик на „Facebook“, со рекордни 1,2 милијарди евра поради пренос на податоците на корисниците во ЕУ.

„Meta“ минатиот месец изрази очекување дека новиот договор меѓу ЕУ и САД, кој го регулира безбедниот пренос на податоци на корисниците на ЕУ во САД, ќе биде во целост применет пред компанијата да престане со трансфер на податоци.


Претходните предупредувања на „Meta“ дека поради забраната на ЕУ би можела да го укине пристапот до „Facebook“ за корисниците во ЕУ, нема да се овистинат, смета британската агенција.


Рамковниот договор за заштита на податоците меѓу САД и ЕУ би можел да биде готов во јули, но „Meta“ предупредила на можни доцнења.




Спонзорирани линкови

Маркетинг