(Фото) Манекенката се појавила во два фустани во Кан: Креацијата на Елса Хоск ги збуни сите присутни

Точка

25/05/2023

20:40

9.090

Големина на фонт

а а а

Канскиот филмски фестивал е во тек, а сите погледи се насочени кон познатите дами кои секојдневно го воодушевуваат светот со своите креации.

Манекенката Елса Хоск се појавила на премиерата на филмот „La Passion De Dodin Bouffant“ во фустан – или два фустани...

Швеѓанката носела нежнорозов корсет врз кој бил сошиен светлосин фустан, па изгледало како да носи две креации.

Сè, но баш сè во врска со овој фустан било необично, а многумина не биле сигурни дали гледаат еден или два фустани на црвениот тепих.

Оваа необична модна креација ја потпишува двојката „Viktor&Rolf“, позната по своите авангардни и уникатни изданија.


Фустанот дебитираше на пистата во текот на сезоната на „haute couture“ за пролет/лето 2023, а беше претставена претходно оваа година во Париз.

„Тоа е апсурдно сфаќање на стереотипот за балски фустан, кое го адаптиравме за 21-от век. Доаѓа од љубовта кон гламурот, но како и нашиот парфем, сакаме да биде убав и исто така сакаме да има паметна идеја“, изјавиле дизајнерите за „Vogue“.


Филмскиот фестивал во Кан е отворен по 76-ти пат, а на свечената церемонија присуствуваа ѕвезди како Џони Деп, Хелен Мирен, Мајкл Даглас, Кетрин Зета-Џонс, Ума Турман, Кетрин Денев и многу други.




Спонзорирани линкови

Маркетинг