Славната пејачка ја откажа светската турнеја поради последиците од неизлечивата болест: „Не се откажувам“

Точка

26/05/2023

20:27

5.478

Големина на фонт

а а а

Селин Дион ја откажа својата светска турнеја „Courage“ бидејќи продолжува да се бори со невролошкото нарушување.

Пејачката (55) претходно ги одложи своите планирани настапи откако во декември јавно призна дека ѝ е дијагностицирано нарушување познато како „синдром на вкочанета личност“.

Селин денеска на Инстаграм објави „со огромно разочарување“ дека не е во можност да настапи на својата светска турнеја, додавајќи дека „навистина напорно работи за да ја врати својата сила“.

„Со огромно разочарување денеска мораме да објавиме откажување на светската турнеја „Courage“. Толку ми е жал што сите вас уште еднаш ве разочарав. Навистина напорно работам за да ја вратам силата, но турнеите можат да бидат многу тешки дури и кога се чувствувате 100% добро“, стои во изјавата.

„Не е фер кон вас постојано да ги одложувам настапите и иако тоа ми го крши срцето, најдобро е сите да ги откажеме сега додека не сум навистина подготвена повторно да се вратам на сцената. Сакам сите да знаете, не се откажувам... и едвај чекам повторно да ве видам!“.

Дион исто така споделила листа со датуми на настапите кои се откажани, вклучувајќи концерти во Франција, Белгија, Данска, Полска и Велика Британија, како и изјава во која е најавена веста. Во соопштението се додава:


„Сите се надеваме дека Селин еден ден ќе може да ги посети сите овие градови во Европа за да настапи за нејзините прекрасни фанови, но тоа време едноставно не е сега“.

Во декември, пејачката откри дека ѝ е дијагностицирано ретко невролошко нарушување кое се нарекува „синдром на вкочанета личност“. Состојбата која погодува едно од милион лица предизвикува неконтролирани контракции на мускулите, а долгорочно го става пациентот во положба на „човечка статуа“, бидејќи прогресивно го „заклучува“ телото во цврста, крута положба без можност за одење или зборување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг