Ал-Итихад исмеан поради големиот гаф кој го направил на претставувањето на Бензема

Супермен

07/06/2023

17:45

5.975

Големина на фонт

а а а

Францускиот фудбалер Карим Бензема официјално стана нов играч на клубот од Саудска Арабија – Ал-Итихад, кој во текот на претставувањето на Французинот направи голем гаф на Твитер.

Имено, Бензема бил претставен со видео снимка, а саудискиот клуб кој е познат како „Тигри“ напишал:

„Новиот тигар ќе рика. Добредојде во Итихад. Бензима е тука“.


Грешката била брзо воочена и клубот го поправил презимето на новата ѕвезда, но било предоцна бидејќи многумина веќе го исмеале гафот на Ал-Итихад со погрешно напишаното презиме на толку голем играч.

Французинот со саудискиот клуб потпиша 2-годишен договор вреден 400 милиони евра, што значи дека ќе заработува 200 милиони евра по сезона.

Исто така, двете страни договориле и потенцијално продолжување на соработката на уште една дополнителна година под истите услови, доколку има потреба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk