Поголем дел од возачите не знаат што значи овој сообраќаен знак: Објавил фотографија на социјалните мрежи, па го „распнале“ во коментари – врати се во автошкола

Супермен

19/06/2023

19:19

10.150

Големина на фонт

а а а

Еден возач и корисник на Твитер изненадил многумина кога објавил фотографија од сообраќаен знак и ги прашал останатите дали знаат што значи тој.

Тој во објавата ставил фотографија и напишал: „Колку години возам, ова никогаш не сум го видел, а велат дека го има насекаде. Што значи ова?“.

Како одговор се нижеле коментари:

„Немој повеќе да возиш... Или вози многу повеќе“.

Други му порачале дека ова го знае секој којшто положил од 60-тите години наваму.

Меѓутоа, во мини-анкетата којашто била направена се докажало дека многу од луѓето никогаш не го виделе овој сообраќаен знак, а редовно возат автомобил.

Имено, овој сообраќаен знак прeтставува престанување на важење на сите забрани и ограничувања. Всушност означува место на патот каде престануваат да важат соодветните ограничувања и забрани кои пред тоа место биле воспоставени со други сообраќајни знаци за забрана и ограничување, поставени на автопатот.

Без оглед на тоа дали станува збор за ограничување на брзината, забрана за претекнување итн.


Инаку, возачите кои долго време имаат возачка дозвола сè почесто се сретнуваат со сообраќајни знаци кои не ги познаваат, ги заборавиле или никогаш не ги научиле. Еден од тие знаци е и знакот којшто претставува престанување на забрана и ограничување.

Знаците им пружат на учесниците во сообраќајот потребни известувања за патот по којшто се движат, местата низ кои поминуваат или оддалеченоста од тие места. Исто така даваат информации за престанување на важење на знаците како и други корисни известувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk