Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, присуствувал на модната ревија на брендот „Dolce & Gabbana“ во Италија, а за таа прилика носел прилично впечатлив спој на сино одело и бели папучи кој предизвика бројни коментари.
Норвешкиот фудбалер на ревијата пристигнал со својата девојка Исабел Јохансен, облечен во одело во бледосина нијанса, папучи и очила за сонце. Неговата девојка носела елегантен жолт фустан на модниот настан кој се одвивал во Апулија.

Откако се пофалил со својата комбинација која ја избрал за ревијата, Халанд предизвика бројни коментари кои во главно биле шеговити.
„Баба си го бара својот фустан назад“, гласи еден од коментарите на оние кои не се воодушевени од стилот на фудбалерот.
Многумина напишале дека ако е нешто скапо, не мора да значи дека изгледа добро, а добил и бројни шеговити реакции како: „Џорџа Мелони малку се променила“, „Папучи од пазар“, „Мојата мајка има исти папучи“, „Непријател на модата“ итн.
Сајтот „Sportsmanor“ пренесува дека Халанд потпишал договор со модната куќа „Dolce & Gabbana“ вреден 2,5 милиони евра и дека ќе биде нивното ново заштитно лице.