Овие марки на автомобили најмногу се расипуваат, а во Европа се многу популарни – еве кои модели се вистински „ѕверови“

Супермен

14/07/2023

21:00

12.282

Големина на фонт

а а а

Организацијата за потрошувачи и корисници (OCU) во најновиот извештај за најдобрите автомобили и оние со најмногу проблеми, издвоила азиски марки на модели на високо место на листата.

Истражувањето било вршено на база на 52.430 возачи во пет европски земји.

Студијата открива дека Lexus (95), Subaru (93 поени) и Toyota (91 поен) ги заземаат првите три места на листата најдобри марки автомобили, а ги следат Mitsubishi, Kia, Suzuki, Hyndai, Honda и Mazda.


Меѓу европските произведувачи, најдобрата марка на автомобил е Seat којшто го зазема 10-тото место. Потоа следат Dacia, Skoda, Volkswagen, Smart, Peugeot, Mercedes, BMW…

На другиот крај од листата, на последните шест позиции со оцени еднакви или помали од 68 поени се наоѓаат Lancia, Chevrolet, Jaguar, Land Rover и Alfa Romeo.


Конечно, најпроблематичната марка на автомобили со најмногу пријавени проблеми во Европа, според извештајот којшто го објавил OSU е Tesla со само 60 поени од вкупно 100.

Според извештајот, најчестите проблеми кои автомобилите ги имале во 2022 година биле: електрични (17 отсто), системот за запирање (13 отсто), управување и амортизација (7 отсто), мотор (8 отсто) и клима-уред (6 отсто).


Конечно, според OCU, бензинските хибриди се автомобили кои имаат најмалку пријавени проблеми. Во оваа категорија вклучени се 10 модели кои надминуваат 95 отсто поени.

Меѓу нив се истакнува Lexus IS од 2013, Toyota Corrola од 2018 и Toyota RAV4 од 2013-2018.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk