Некогаш детски ѕвезди, а сега вљубен пар: „Животот засекогаш ми се промени“

Супермен

18/06/2026

16:44

495

Големина на фонт

а а а

Актерот Меколи Калкин (45) ја прослави деветтата годишнина од љубовната врска со Бренда Сонг (38). Некогашните детски ѕвезди се запознале на снимањето на филмот „Changeland“, а врската ја започнале во 2017 година.

Калкин на социјалните мрежи споделил фотографија на која тој и Бренда позираат во усогласени модни комбинации, а под фотографијата напишал емотивни зборови.


„Денес е многу посебен ден за мене. Поминаа девет години откако мојот живот засекогаш се промени. Неверојатно е да помислам дека во текот на секој петти ден од мојот живот сум ја имал честа да се будам покрај љубовта на мојот живот. Единственото за што жалам е што немавме повеќе време заедно“, напишал актерот.


Сонг и Калкин имаат два сина. Магазинот „People“ потврди дека парот се свршил во јануари 2022 година, околу девет месеци по раѓањето на нивниот постар син.


Под споменатата објава се нижеа честитки од нивните обожаватели и пријатели, а изминатиот период бил мошне инспиративен за двајцата, со оглед на тоа што Бренда била ангажирана во серијата на „Нетфликс“ – „Running Point“, додека Калкин му го позајмил гласот на еден од ликовите во анимираниот филм „Zootopia 2“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk