Дали знаете во која држава „Ferrari“ возат повеќе жени отколку мажи?

Супермен

18/08/2023

15:37

6.154

Големина на фонт

а а а

Како да го направите било кој спортски автомобил со беспрекорен изглед и перформанси уште подобар? Додајте му жена! Имајќи ја оваа идеја на ум, може да се каже дека автомобилите на „Ferrari“ во Кина изгледаат сè поубаво.

Жените со склоност кон брзи автомобили на Далечниот Исток ги сменија бројките и станаа секој петти купувач на италијански спортски автомобили. Кина стана најголемиот пазар во светот за италијанскиот произведувач на спортски автомобили, благодарение на неговата популарност помеѓу припадничките на понежниот пол.

Во другите делови од светот, 95 отсто од сите модели на „Ferrari“ ги купуваат мажи, додека во Кина тој процент паѓа на 80 отсто.


Говорејќи на саемот за автомобили во Пекинг, шефот на брендот, Амедео Фелиса изјавил:

„Просечната возраст на купувачите на „Ferrari“ во Кина е 10 години пониска отколку во остатокот од Европа. А во Кина имате многу жени кои го водат бизнисот на тежок начин. Имаат пари и можат да си дозволат да купат 'Ferrari'“. Тоа беше пријатно изненадување за нас, не очекувавме толку голем успех, но Кина е нов и растечки пазар. Кога на луѓето им оди добро, тие сакаат награда. Очигледно многу жени сакаат 'Ferrari'“.


Според извештајот на „Bloomberg“, Кина, Хонг Конг и Тајван имале удел од 12 отсто во продажбата на „Ferrari“ минатата година, со речиси 1600 автомобили. Луксузното купување е норма за кинеските купувачи, но трендот повеќе не е ограничен само на чанти и чевли. Очигледно, милијардерките имаат пари да се пофалат со својот стил. Кога сме кај купувањето, Кина е толку привлечна за светските брендови што дури и култната лондонска стоковна куќа „Harrods“ го отвора својот прв ексклузивен клуб во Шангај за „лудите, богати Азијци“. Исто така можеби ќе слушнеме и за отворање на нова предводничка продавница на „Ferrari“ во Шангај за дамите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk