На денешен ден беше официјално лансиран „Windows 95“ - погледнете како изгледаше тоа

Супермен

24/08/2023

12:32

5.461

Големина на фонт

а а а

Легендарниот „Windows 95“ оперативен систем беше пуштен во продажба на 24-ти август 1995 година, а донесе вистинска револуција во светот на компјутерите.

„Windows 95“ е верзија на оперативниот систем која практично го прослави „Microsoft“, а доведе до популаризација на платформата и го смести овој софтвер во домовите на бројни корисници.


Со „Windows 95“ пристигнаа и важни промени и подобрувања како што се „Start Meni“, „Taskbar“, а тука беше и „Windows Explorer“. Култните игри „Solitaire“ и „Minesweeper“ исто така се појавија со „Windows 95“.

„Internet Explorer“ не пристигна веднаш во рамки на „Windows 95“ - тој дебитираше во декември 1995 година, а корисниците пристапуваа на интернет преку иконата „The Internet“ на десктоп.

„Microsoft“ на промотивната кампања за „Windows 95“ потрошил повеќе од 300 милиони долари, која во тоа време беше најскапата кампања во американската историја. Рекламите за „Windows 95“ можеа да се видат и слушнат секаде - во весниците, на радио и телевизија, на билборди... што направи и значајни измени во тактиката за рекламирање и маркетинг кампањи на IT производи.


„Windows 95“ се смета за голем успех на „Microsoft“. Оваа верзија само во текот на првата недела беше продадена во над 1 милион примероци. По него, следуваше „Windows 98“ во 1998 година.

Погледнете како изгледаше официјалното лансирање на „Windows 95“:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk