[ФОТО] НБА кошаркарот блесна на „Ол Стар“ со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски: „Разговаравме и на тема Македонија, се надевам некогаш ќе го прошетаме низ Скопје“

Супермен

16/02/2026

11:00

1.004

Големина на фонт

а а а

Изминатиов викенд во Лос Анџелес се одржа еден од најголемите кошаркарски настани во годината којшто го следи целиот свет, натпреварот на најдобрите кошаркари од НБА лигата, познат како „НБА Ол Стар Викенд“.

Еден од најдобрите кошаркари во моментов, Џејлен Браун, на натпреварот носел патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски и неговото студио „SWithADot“.


Инаку, патиките биле изработени по директната комуникација на Грабулоски и Браун, којшто самиот ги дал насоките како да изгледаат истите.

Браун патиките ги носел и на официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на „Ол Стар“.


Грабулоски, за патиките кои ги изработил вели:

„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот MIT, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на NBA All Star Weekend. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.


Инаку, ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се едни од најпознатите во НБА.

Тој соработувал и со Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk