Првиот човек на УФЦ го прозва Конор Мекгрегор: „Тешко е да се биде борец кога си по цел ден на јахта“

Супермен

15/09/2023

13:32

7.907

Големина на фонт

а а а

По тешката повреда на ногата која ја доживеа Конор Мекгрегор во мечот против Дастин Порие во јули 2021 година, тој не влезе во рингот.

Како еден од најголемите „магнети“ за пари, тоа не го воодушевило првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, кој не е задоволен од моменталната состојба.


„Штом ќе заработите одредена сума на пари, не можете да останете личноста којашто сте биле на почетокот, да бидете гладни, да работите напорно и да бидете посветени на спортот - или на било која вештина со која се занимавате - парите менуваат сè и Конор Мекгрегор заработи таква сума на пари“, изјавил Вајт.

„Гладта и мотивацијата не се исти. Сè за кое Конор некогаш сонувал и она за кое никогаш не можел ни да сонува, сега го име. Тешко да се биде на јахта по цел ден и потоа да се каже: 'Ох, морам да се вратам во теретана и повторно да почнам да се борам'“.


Мекгрегор во 2021 година заработи околу 180 милиони долари и од тој момент започна да живее целосно поинаков живот. Ирецот честопати беше забележуван во јавноста во алкохолизирана состојба, во друштво на непознати жени како и на разни приватни забави. Засега не делува дека наскоро ќе го гледаме во октагонот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk