„Можам да купам сѐ што сакам, но не можам да купам време“: Кои лекции Бил Гејтс ги научил од својот „колега“ милионер?

Супермен

20/09/2023

19:00

6.775

Големина на фонт

а а а

Бил Гејтс, директорот на „Microsoft“, отсекогаш имал преполн работен распоред, дури на своите вработени им испраќал задачи во 2 часот наутро.

Дури кога го видел личниот дневник на генералниот директор на компанијата „Berkshire Hathaway“ и неговиот пријател Ворен Бафет, Гејтс научил малку да се опушти, но исто така да ги опушти и своите вработени.

„Секоја минута ја имав спакувано и испланирано, мислев дека тоа е единствениот начин на којшто можеш да ги исполниш работните задачи“, изјавил Гејтс пред новинарот Чарли Роуз во интервју во 2017 година.


„Се сеќавам дека Ворен еднаш ми го покажа својот распоред... Тој имаше денови кои му беа целосно слободни“.

Пореткиот распоред на Бафет го научил Гејтс важна лекција: „Вие го контролирате своето време. Не е показател на вашата сериозност доколку секоја минута во вашиот распоред е пополнета со обврски и задачи. Во основа, можам да купам сѐ што сакам, но не можам, да го купам времето“, објаснил Бафет.

Методата на Бафет која во суштина е стара поговорка – „работи паметно, а не потешко“, всушност е поддржана со науката. Стручноста на работниците нагло се намалува кога работите повеќе од 50 часа седмично, покажало истражувањето на Универзитетот Стенфорд од 2014 година.

Луѓето кои работат до 70 часа седмично, ја извршуваат истата количина на работа како и оние кои работат по 55 часа, покажало истражувањето.

Бил Гејтс не е единствениот извршен директор којшто ја научил таа лекција на потежок начин. На пример, извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, којшто претходно кажал дека редовно работи навечер, сега спие најмалку по шест часа во текот на ноќта, изјавил тој за „CNBC“ во мај.


„Се обидов да спијам помалку, но... Иако сум буден повеќе од шест часа, помалку работам“, изјавил Маск, па додал: „А, нивото на болка во мозокот е лошо доколку спијам помалку од шест часа во текот на ноќта“.

На некои луѓе можеби нема да им биде лесно да ја исполнат оваа цел. На Гејтс му биле потребни години за да ја пронајде здравата рамнотежа меѓу работата и животот.

„Немојте да чекате многу долго за да ја научите оваа лекција. Одвојте време да ги негувате своите односи, да ги славите своите успеси и да закрепнете од загубите. Одморете кога ви е потребно тоа. Олеснете им и на луѓето околу себе кога тоа е потребно“, порачал Гејтс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk