(Видео) Многумина се убедени дека оваа жена ќе уништи илјадници врски – еве зошто

Точка

29/09/2023

13:42

13.564

Големина на фонт

а а а

Хана Џонс од Колорадо е успешна комичарка чија содржина често се фокусира на љубовни состаноци, семејството и нејзиниот личен живот.

Неодамна таа стана вирална поради интересната листа на прашања за парови за која многу луѓе тврдат дека ќе ги уништи љубовните врски. Многумина ја прозвале и дека таа заговара разводи.

„Еве неколку забавни прашања за паровите за подлабоко да го запознаат својот партнер“, рекла Хана, пренесува „Daily Mail“.

„Кога би требало да промениш една работа во мојот физички изглед, што би било тоа и зошто?“, „Куќата гори и можеш да ме спасиш мене или твојата мајка, кого ќе избереш?“, „Ако треба да ме изневериш со една личност која и двајцата ја познаваме, кого би избрал/а?“, „Дали повеќе би сакал/а да раскинеме и никогаш повеќе да не ме видиш или да бидеме заедно уште три години, а потоа да умрам?“, се прашањата што таа ги навела.

Нејзиното последно прашање е: „Дали повеќе би сакал/а да бидеш со некој со мојот изглед, но со различен карактер или со некој со поинаков изглед и мојот карактер?“. Илјадници луѓе се смеат на нејзините „незгодни прашања“ - нудејќи нови за да го направат хипотетичкиот разговор уште „поболен“.

Некои всушност им ги поставиле овие прашања на своите партнери.

„Го испратив ова на мојот сопруг и тој успеа да одговори на сè без да ги повреди моите чувства и тоа всушност ме прави да се чувствувам многу сакана“, раскажала една жена. „Моето момче имаше одлични одговори, го сакам“, додала друга.

Но, не се сите воодушевени.

„Ти си продавачка на разводи - очигледно целта ти е да ги уништиш браковите“, напишал еден маж на социјалните мрежи. „Како да раскинете преку пет лесни прашања“, „Ова звучи толку токсично. Нема вистински одговор освен воопшто да не се ни обидуваш“, гласат дел од коментарите.