Здрави суплементи за слабеење! Што да одбереме, на што да обрнеме внимание?

Точка

09/05/2025

11:02

474

Големина на фонт

а а а

Со доаѓање на месец мај, веќе почнуваме да размислуваме и за летниот одмор. Но, иако тоа се убави мисли, повеќето ја имаме истата загриженост, односно вишокот килограми и емоционалната состојба со неодолива желба за храна! И повторно си го пoставуваме прашањето: Како да го намалиме вишокот килограми по здрав и природен пат без напорни физички активности или без гладување! Во таква ситуација прво помислуваме на додатоците во исхраната кои се наменети за слабеење. Но, тука не е сеедно што користиме.

За среќа науката оди напред многу брзо и открива нови сознанија кои можат да помогнат во изборот на производи и на што да обрнеме внимание во процесот на регулирање на тежината и контрола на неодоливата желба за прекумерно јадење.

Интересна е информацијата дека Швајцарската регулаторна агенција SWISSMEDIC тестирала 61 додаток во исхраната наменети за слабеење, и дошле до заклучок дека над 1/3 од тестираните производи содржеле: недозволени супстанци и хемикалии, недекларирани, скриени супстанци, и супстанци во количини опасни по здравјето. Што и да одбереме, потребно е да бидеме свесни за последиците по општото здравје, посебно по масовната употреба во САД на лекот за дијабет Оземпик, кој не само што предизвикува гадење, стомачни болки, диареа, може да предизвика дури и тумор и рак на тироидната жлезда.


Што препорачуваат експертите?

Стручните лица секогаш не советуваат да користиме додатоци во исхраната за кои постои научна поткрепа, кои се декларирани, и за кои сите тестирања покажуваат одлични резултати. Препорачуваат поголем внес на протеини и растителни влакна кои држат ситост и прават контрола на гладта и ја успоруваат дигестијата и апсорпцијата. На пример прпорачуваат продукти кои содржат состојки како кафе, цимет, јаболков оцет, глукоман и сл.

Таков диететски производ за намалување на тежината е ДР СЛИМ дуален систем од Натура Терапи, кој го има во форма на прашак и капсули. Вегански производ кој во својот состав има протеин од грашок, овесни влакна, овесни лушпи, глукоманан, тегавец (psyllium husk). Нискокалоричен оброк кој може да се додаде во супа, чиа пудинг, смуди и слично.


Бенефитот од овој производ е што обезбедува подолготрајно чувство на ситост, придонесува помалку да се чувствува глад, да се намали калорискиот внес и така да се олесни регулирањето на тежината. Истовремено го забрзува движењето на материите во цревата, обезбедува намалување и контрола на калорискиот внес, помага во изградбата на чиста мускулна маса, а не таложењето на масти на телото.

Дополнително помага во детоксикација и чистење на цревата.

Како влијае на чувството на ситост?

Тајната е во неговата комбинација на растителни влакна глукоманан, тегавец/псилиум хаск и влакна од овес. Растителните влакна (фибер) од коренот Коњак, Глукоманан имаат научно докажана способност да врзат молекули од водата и до 50 пати од сопствената тежина. Со внесување во организмот глукомананот создава желатинска смеса која ја собира водата и се шири, давајќи чувство на ситост и елиминирајќи ја потребата од внес на храна. Кога се комбинира ДР Слим правот со оброците (или како замена) и капсулите за активирање на метаболизмот се обезбедува слабеење по 1,5 до 3 кг за 7 дена или, ефикасно слабеење од 7 до 10кг месечно. Производот е нискокалоричен, без дефиниран вкус, со што лесно се комбинира и со солени и со слатки напитоци, и може да се раствори во јогурт, млеко, смуди, супа, чај и сл.


ДР СЛИМ капсулите содржат: екстракт од цимет, екстракт од јаболков оцет и екстракт од зелено кафе. Придружни состојки малтодекстрин, карбоксиметил целулоза.

Кој е придонесот од нив?

 Го забрзува метаболизмот (ја стимулира секрецијата на ензими, ја намалува апсорпцијата на шеќерите и јаглехидратите во целина, го забрзува согорувањето на калориите и празнењето на цревата).

Го стимулира топењето на масти (го активира процесот на липолиза –разградување на мастите во масното ткиво за нивно активно согорување за метаболните процеси);

Го спречува таложењето на мастите во телото, го успорува процесот на претворање на јаглехидратите и мастите во масни наслаг. Начин на употреба: Препорачан дневен внес 2 пати по 3 капсули 15-20 мин пред оброк!

Комерцијален текст