Парис Хилтон застана во одбрана на својот син Феникс, откако деновиве на социјалните мрежи доживеа говор на омраза и исмејување за неговиот физички изглед. Имено, Хилтон на својот Инстаграм профил сподели фотографии од семејното патување во Њујорк, а многу брзо следеше лавина негативни коментари.
„Да се живее во центарот на вниманието, коментарите се неизбежни, но таргетирањето на моето или на туѓото дете е целосно неприфатливо. Ова ме боли повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Ако не го објавам моето дете, луѓето претпоставуваат дека не сум добра мајка, а ако го објавам, има луѓе кои ќе бидат сурови и полни со омраза“, напиша таа.
Да потсетиме, огромен број на возрасни и претходно го свртеа вниманието кон детето, а коментарите за малиот Феникс дека е навистина слатко бебе останаа во сенка по оние во кои луѓето се грижат за неговиот изглед и големината на неговата глава. Се подразбира дека коментирањето на нечиј изглед во 21 век е неоправдано, но особено е тешко да се разбере зошто некој чувствува потреба да коментира за изгледот на 10-месечно бебе.
По ова, потресената Парис испрати порака до обожавателите со надеж дека ќе престанат со говорот на омраза и ќе ја подигне свеста за сериозноста на грдите зборови кои секојдневно се оставаат под нејзините објави.
„Феникс е мојот свет и најголемиот благослов во мојот живот. Секој ден со него е потсетник на она што е навистина важно. Тешко е да се разбере дека има луѓе кои би таргетирале невино суштество. Се надевам дека луѓето ќе можат да се однесуваат со поголема емпатија и љубезност“, сподели таа.
Инаку, Хилтон го објави раѓањето на Феникс на 24 јануари 2023 година преку Инстаграм. „Веќе си неописливо сакан“, напиша таа покрај преслатката фотографија која ја споделила на својот профил.