[ФОТО] Дали овој кинески "SUV" има шанси во Европа со цена од 50.000 евра?

Точка

05/12/2023

08:08

6.797

Големина на фонт

а а а

Кинеските производители на автомобили сериозно се подготвуваат за фронтален напад на европскиот пазар, и тоа не само со електрични возила. Имено, најновиот модел со кој сакаат да го освојат Стариот континент е "plug-in" хибрид со дволитарски турбо бензински мотор кој е спарен со еден или два електромотори, во зависност од тоа дали автомобилот има погон на две или на сите четири тркала.

Со должина од 4,7 метри, "GWM Wey 03" влегува во многу конкурентниот сегмент на "SUV" возила со средна големина, кој веќе вклучува модели како што се "Volkswagen Tiguan", "Hyundai Santa Fe", "Toyota RAV4" и "Škoda Kodiaq" и други.

Имено, возилото има автономија автономија до 136 km доколку се вози исклучиво на електричен погон, што е најдобар резултат во класата. За ова е заслужна литиум-јонската батерија со капацитет од 34 kWh, а Кинезите тврдат дека и нејзината брзина на полнење ќе биде рекордна, дури и на обичен штекер.


Кинескиот производител смета дека ќе може да дојде до потенцијални клиенти кои сè уште бегаат од чисто електрични возила, поради што основниот мотор е дволитарски турбо мотор кој развива дури 204 коњски сили, додека моќта се пренесува преку автоматски менувач со 9 степени на пренос.

Кога електромоторот ги придвижува само задните тркала, што е случај со верзијата AWD, вкупната моќност на погонската група достигнува 442 коњски сили, а вртежниот момент е неверојатни 685 Nm.


Сето ова му овозможува на кинескиот "SUV" да забрза до 100 km/h за само 5,3 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 230 km/h.

Се очекува на германскиот пазар цената на почетниот модел со погон на две тркала да биде 45.000 евра, додека најдобро опремената верзија би била поскапа за 5.000 евра.

Верзијата со погон на сите тркала и врвна опрема ќе чини околу 54.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг