[ФОТО] Французин паркирал на две места, градоначалникот му го „оградил“ автомобилот и му порачал да оди на офталмолог

Точка

28/09/2026

10:18

460

Големина на фонт

а а а

Во француското место Бламон прилично се немилосрдни кон возачите кои непрописно паркираат. Тоа на своја кожа го почувствувал и еден возач кој го оставил автомобилот на две паркинг-места. Наместо казна и реакција од службата за пајак, го пречекале ограда и необична порака.

Возачот го оставил автомобилот на две паркинг-места, иако станува збор за компактно „BMW“ од Серија 1.


Откако се покажало дека не станува збор за прв таков прекршок, градоначалникот на Бламон, Јан Дуранд, решил да реагира на необичен начин. Наместо едноставно да ја повика службата за отстранување непрописно паркирани возила, градоначалникот го „оградил“ автомобилот. Градската служба поставила метална ограда околу возилото и оставила предупредување за возачот.

Меѓутоа, тука не бил крајот. Градоначалникот му порачал на возачот, пред да му биде ослободен автомобилот, да посети офталмолог во Лунвил, оддалечен околу 30 километри, за да го провери видот и да докаже дека може правилно да ги забележи белите линии кои ги означуваат паркинг-местата.


Доколку му бидат потребни очила, возачот бил повикан да ги набави и да се врати со соодветна потврда. Дури потоа би можел повторно да го преземе својот автомобил.

Градоначалникот ја објаснил својата одлука со едноставна логика: ако возачот веќе неколкупати бил казнуван поради непрописно паркирање, па дури и ако автомобилот претходно неколкупати му бил подигнуван, а тој и понатаму паркира преку означените места, можеби навистина постои проблем со неговиот вид.