[ФОТО] Популарниот пејач на црвениот тепих се појавил во мини здолниште и со високи потпетици

Супермен

05/12/2023

14:07

5.225

Големина на фонт

а а а

Сем Смит бил меѓу бројните поканети на доделувањето на модните награди „The Fashion Awards“ во Лондон.

На црвениот тепих во Лондон тој се појавил во мини здолниште и носел огромни потпетици. Тоа издание било вовед во другиот стајлинг, огромен фустан којшто со задоволство би го носеле светските диви.

На доделувањето на британските модни Оскари нему му била врачена наградата за култен иноватор.


Пејачот Сем Смит којшто со своите настапи иницира бројни контроверзии, на црвениот тепих носел комплет во класична црна боја и кратки чизми на висока потпетица. Гламурозниот фустан бил неговиот втор моден избор за доделувањето на овие исклучително престижни награди.

На доделувањето на „The Fashion Awards“ во Лондон имало голем број светски ѕвезди, од Кејт Мос, Ен Хатавеј до Памела Андерсон.


Сем Смит изминативе месеци бил често на мета на критики. Неговиот настап на 65 доделување на „Grammy“ наградите во февруари годинава било едно од најкритикуваните.


Тексашкиот сенатор Тед Круз остро го критикувал настапот откако Смит и Ким Петрас излегле на бината во Лос Анџелес за да го изведат својот сингл „Unholy“. Останатите критичари перформансот го оцениле со следните зборови: „Ова видео ги погодува сите клучни точки, од Сем Смит и необичниот став за културолошката прикладност, до обожување на ѓаволот и омаловажување на важноста на религијата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk