[ФОТО] Новиот електричен „SUV“ на "Toyota" пристигнува во Европа во првата половина од 2024-та

Точка

05/12/2023

17:19

5.676

Големина на фонт

а а а

Најновото електрично возило на „Toyota“ моментално го носи името „Urban SUV“ и ја претставува неговата влезна точка во целосна електрификација кога ќе биде лансирано следната година.

Претставен на годишниот „Kenshiki“ форум на компанијата во Брисел, новиот мал електричен кросовер ќе може да се најде покрај хибридниот и плаг-ин хибридниот „C-HR“ во растечкото портфолио на брендот.

„Urban SUV“ концептот е нешто пократок и потесен, но нешто повисок од моделот „C-HR“. Проектиран е во верзии со погон на предните и на сите четири тркала, што значи дека ќе доаѓа во конфигурација со еден и два електромотори.


Купувачите ќе можат да изберат меѓу две големини на батерии, но „Toyota“ сè уште не ги открила нивните детали.

„Urban SUV“ не дели механичка основа со постоечките возила на „Toyota“ со мотори со внатрешно согорување, туку е поставен на наменска платформа за „EV“.


Стајлингот е во склад со електричните „bZ“ модели на „Toyota“, и иако „SUV“ е означен како концепт, продукцискиот модел нема да биде со многу поинаков дизајн. Една од планираните промени е усвојување на регуларни странични ретровизори наместо камери.

Малиот кросовер ќе биде еден од 15-тина модели со нулта емисија кои „Toyota“ планира да ги воведе во продажба во Европа до 2026-та година во сите свои линии на патнички и комерцијални возила. Така до 2026-та година „Toyota“ ќе лансира шест наменски електрични возила. До тогаш, јапонскиот произведувач предвидува дека повеќе од 20 проценти од нејзините годишни испораки во Европа ќе бидат електрични возила.


„Toyota“ очекува дека ќе продава повеќе од 250.000 чисто електрични автомобили на своите европски купувачи секоја година почнувајќи до 2026-та.

Повеќе детали за новиот електричен модел базиран на концептот „Urban SUV“, како и неговото комерцијално име ќе знаеме во 2024-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг