Ја остави најпрестижната Алфа на сервис и доби повик: „Имавме несреќа“

Точка

06/12/2023

15:15

10.312

Големина на фонт

а а а

На фотографијата е моделот Giulia на Алфа „паркиран“ на покривот на „Porsche 911“, а одзади е искршен теренец „Mercedes“. Сè на сè, убаво купче скршен лим зад кој се крие значителна штета и веројатно уште поинтересна приказна.

Имено, сопственикот на скапата „Alfa Romeo Giulia QV“, чии перформанси влегуваат во доменот на суперспортски автомобили, го оставил својот миленик на сервис. Таму требало да поправат некои ситни дефекти на автомобилот. Сопственикот очекувал повик од сервисот и го примил. Но, наместо да дознае како автомобилот е подготвен за испорака, тој дознал вести што го шокирале.

RIP my Alfa
byu/Over_Inevitable6630 inAlfaRomeo

„Имавме незгода со твојот автомобил“, кратко го известиле, а потоа му објасниле дека несреќата се случила при тест возење. Патот им го пресекол моноволуменец, па возачот нагло скршнал, удрил во дрво по што летнал во воздух и паднал врз Поршето. И двата автомобили се тотално уништени, а само мерцедесот ќе чека поправка.

Brand new 911 and a Mercedes Torpedoed on a test drive by an Alfa
byu/rockdude625 inPorsche

Некои информации на Редит говорат дека сервисерот бил под дејство на алкохол, стапнал на гас и ги преценил своите можности, но сопственикот на автомобилот не верува во тоа. Во секој случај, тој очекува обештетување за автомобилот во кој уживал само пет месеци.