И покрај тоа што го сака, жената е подготвена да го изневери својот сопруг – само поради овие 3 причини

Супермен

03/01/2024

21:22

16.263

Големина на фонт

а а а

Неверството не се случува во секој брак или врска, понекогаш доаѓа до тоа, а причината за прељуба се разликува кај мажите и жените.

Во неодамнешното интервју за „Your Tango“, советникот за врски, предавачот и автор Џон Греј се осврна на жените кои ги изневеруваат своите сопрузи, иако, како што вели тој, ги сакаат. Еве кои се според него трите причини поради кои жените ги изневеруваат мажите.


1. Чувствува дека не му е приоритет на нејзиниот сопруг

Жената има чувство дека не му е важна на својот партнер, дека тој ретко или никогаш не помислува на неа. Тогаш запознава маж кој ѝ укажува поголемо внимание. На одлуката за неверство кај жената влијание и нивото на естроген. Кога нивото на естроген е високо, таа е посреќна и подобро се справува со стресот. Кога некој друг освен нејзиниот сопруг ѝ посветува внимание, таа чувствува дека некому му е важна и одлучува да изневери.

2. Чувствува дека партнерот не ужива во нејзиното друштво

На жената ѝ се чини дека нејзиниот сопруг не ја сака и дека не сака да минува време со неа, ниту во спалната, ниту надвор од неа. Потоа се појавува некој кој ја смета за забавна, или му се допаѓаат некои други нејзини квалитети, и таа се чувствува посакувано на начин каков што одамна не почувствувала од својот партнер, тврди Џон.


Жените се возбудуваат кога ќе почувствуваат некаква поврзаност, додека, од друга страна, мажите повеќе ги возбудуваат визуелните дразби. Кога станува збор за неинтимните аспекти, жената сака да ѝ кажуваат дека е духовита или паметна, па тоа може да доведе до развој на чувства и привлечност кон личноста што ѝ дели комплименти.

3. Таа одлично го познава својот партнер на интимен начин, но нејзиниот партнер не ја познава неа

Жената води многу малку значајни разговори со својот партнер и се чувствува емоционално неповрзано, а потоа запознава маж кој е заинтересиран за сè за неа и се впушта во длабоки и значајни разговори, а тоа нешто повлекува други работи. Чувството на длабока поврзаност може да биде многу стимулативно.


Истражувањата покажуваат дека кај жените кои длабоко се поврзуваат, без оглед дали со друга жена или маж, нивото на естроген се зголемува. Ако почне да чувствува блискост, нивото на естрогенот кај неа се зголемува и доаѓа до развој на нови чувства.

Трите причини наведени од Џон Греј не се само психолошки туку и хормонски феномен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk