Хајди Клум ги поминува новогодишните празници во монденското зимско одморалиште Аспен во Колорадо, кое секоја зима станува собиралиште на богатите и славните. Придружувана е од нејзиниот млад сопруг Том Каулиц, како и четирите деца, а на паузите од скијање, познатата манекенка ужива во непослушните игри со својот сопруг, кои ги покажала и на Инстаграм.
Имено, манекенката го привлече вниманието на многу следбеници на социјалните мрежи позирајќи на снег во долна облека.
На разиграното видео од нејзината хотелска соба таа може да се види како прави снежни топки на тераса само во црвена чипкана долна облека, а потоа со широка насмевка ги фрла кон личноста зад камерата, веројатно нејзиниот 15-години помлад сопруг.
Атрактивната Германка изгледала како штотуку да станала од кревет, со разбушавена, бујна коса, а на видеото јасно се гледа нејзиното извајано тело – заоблен задник, раскошни гради и рамен стомак. Хајди не се двоумела да ги покаже своите минијатурни танга гаќички!
„Имате ли некоја традиција за новогодишната ноќ? За мене тоа е црвената чипка … Среќно“, коментирала 51-годишната, алудирајќи на нејзината секси црвена долна облека.
Видеото на Хајди за само еден ден собра речиси 3 милиони прегледи, но затоа манекенката ја забрани можноста за коментирање, веројатно знаејќи дека нема да биде дочекана со пофалби. Секако, на странските портали и Твитер набрзо се појавија злонамерни забелешки и навредливи коментари на нејзина сметка.
„Тато, зошто бабата скока на тераса по танга?“, „Ова се вика трансфер блам“, „Жената изгледа одлично, но има однесување на бесна тинејџерка“, „Уште една патетична убавица која бара внимание“, „Ова изгледа многу, многу непријатно“, „Замислете како им е на нејзините деца, нивната мајка се соблекува гола на снег за неколку лајкови“, „Колку треба да си нарцисоиден за да трчаш наоколу по снегот, како би добил малку слава на интернет?“, се само дел од суровите коментари.
Да потсетиме, Хајди летово се соочи со остри критики бидејќи често се сонча топлес и нема проблем да ја покаже својата голотија. Таа едноставно одговори дека го обожава своето тело и дека не сака да има траги од сонце на нејзината кожа.
„Пораснав со многу голотија. Затоа ми е смешно колку луѓе зборуваат за тоа, мислам дека некогаш треба да го пробаат“, изјавила манекенката за „Daily Mail“.