[ФОТО] За ваков фустан фантазираат и принцезите: Пенелопе Круз блеснала во креација направена специјално за неа

Точка

12/01/2024

14:00

6.697

Големина на фонт

а а а

Неколку денови откако колегата Шон Пен ја нарекол „актерско животно“, Пенелопе Круз прошетала на црвениот тепих во нежен, романтичен и шик фустан каков што не се гледа секој ден.

Во Лос Анџелес пред неколку вечери било одржано доделувањето на наградите „Governors Awards“, годишен настан во пресрет на Оскарите кој собрал голем дел од познатите личности.


Меѓу оние кои прошетале на црвениот тепих била и шпанската актерка Пенелопе Круз која уште еднаш покажала зошто спаѓа во најдобро облечените жени во Холивуд и зошто е вечна инспирација за дизајнерската модна куќа „Chanel“.

Актерката која со години е заштитно лице на овој бренд, повторно добила фустан по мера, а овојпат станувало збор за фустан со балски крој којшто е суптилен и нежен, бел и неверојатен.


Пенелопе се појавила во бел фустан којшто на прв поглед потсетува на венчаница и на класичен балски фустан, но е многу повеќе од тоа. Станува збор за модел чиј горен дел е залепен за телото, украсен со златни апликации од цветови и текстуриран цветен дезен.


Во пределот на струкот тој се шири и паѓа до подот во слоеви без дополнителни украси, а претставува интересна верзија на веќе видените фустани во стилот на принцезите.

Пенелопе како и во секоја прилика била една од најзабележаните на овој настан, па многу од познатите личности ја замолиле да се фотографира со нив.