[ФОТО] „Balenciaga“ пешкир-здолништето од 850 евра продолжува да ги излудува познатите – некои велат „wow“, на други им е грозно...

Супермен

12/02/2024

12:30

3.999

Големина на фонт

а а а

Виралното модно парче на „Balenciaga“, здолниште-пешкир, минатата година предизвика бројни контроверзии.

На некои луѓе ова парче им било симпатично, додека на други смешно и одвратно.

Но, било само прашање на време кога некоја позната личност ќе го облече ова хит парче. Меѓу првите тоа бил раперот и актер Џејден Смит.


Здолништето на Смит всушност не е од брендот „Balenciaga“ туку инспирирано е од скејт брендот „MSFTSrep“. Не е направено ниту од истиот материјал, односно направено е од сив тексас којшто го носел над соодветни панталони.

Сепак, целиот изглед е моментален повик на здолништето кое го „запали“ интернетот кон крајот на минатата година, така што веројатно го инспирирало и Смит.

Тој ова здолниште го искомбинирал со црна, дебела јакна, со многу џебови.


Инаку, Смит често бил забележан во јавноста во тој утилитарен стил, носејќи вирални „улични“ парчиња.

Ви се допаѓа ли овој стајлинг?



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk