[ФОТО] 19 години помлада од него и прави да се чувствува навистина добро: Кевин Костнер ја љуби преубавата пејачка после „највалканиот“ развод на деценијата

Супермен

26/02/2024

16:16

10.214

Големина на фонт

а а а

Откако официјално се разведе од сопругата со која помина две децении заедно, актерот среќата ја пронашол во прегратката на оваа млада музичарка.

Славниот холивудски актер Кевин Костнер (68), зад себе ја оставил тешката година на приватен план.

Тој после 19 години брак се развел од сопругата Кристин Баумгартнер со која има три деца, а овој развод детално беше проследен и од медиумите затоа што сопругата на актерот прво одбила да се отсели од нивната вила.


Потоа барала алиментација за која тој сметал дека е превисока, а Кристин се жалела дека на нејзиното семејство „луксузниот живот му влегол во ДНК и дека не може да се откаже од тоа“.

По разводот, актерот бил поврзуван со повеќе познати жени, вклучувајќи ја и актерката Рис Витерспун, а потоа стапил во врска со пејачката и композиторка Џуел (49).

Тие биле забележани заедно на некој хуманитарен настан, а извор близок до парот кажал дека меѓу нив постои многу голема привлечност.

Дали Кевин Костнер повторно ќе се венча?

Започнале и шпекулациите дека Кевин Костнер планира да ја запроси музичарката, но личност блиска до него за „Entertainment Tonight“ открила дека тој и натаму сака да ужива во слободата.

„Кевин моментално се забавува. Тој е во добро расположение и отворен за запознавање нови луѓе. Зафатен е и опкружен со пријателите, патува, во игра е и се навикнува на новиот живот после разводот“, вели изворот.

Откако почнал да се гледа со Џуел тие не ја експонираат врската во јавноста и се трудат да ја зачуваат интимноста, а тоа што врската сѐ уште не е премногу сериозна, не значи дека бракот е исклучен.

„Кевин штотуку излезе од лош брак и помина низ грозен развод, но тоа не го одвраќа од идејата повторно да се жени. Се чувствува многу убаво кога е со Џуел. Тој е посреќен и го обожува нејзиниот син“, изјавил извор близок до Костнер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk