Милијардер сака да изгради нов Титаник: „Тоа е позабавно отколку да се бројат пари дома“

Точка

13/03/2024

19:16

3.232

Големина на фонт

а а а

Пред повеќе од една деценија, австралискиот милијардер Клајв Палмер објавил планови за изградба на нов Титаник, односно реплика на бродот кој потонал во 1912-та.

Истото го повторил во 2018-та година, но ништо конкретно не се случило. Неодамна, Палмер одржал прес-конференција во сиднејската Опера и повторно го „оживеал несекојдневниот проект“.

Милијардерот е сигурен дека неговата визија ќе заживее, со ветување дека компанијата која наменски ја основал – „Blue Star Line“, ќе изгради брод со врвен стил.

Во овој момент, не е познато кое градилиште би можело да го реализира потфатот, а на прашањето на новинарите зошто сака да направи „Титаник 2“, Палмер одговорил:

„Тоа е многу позабавно отколку да седите дома и да броите пари“.

Палмер објаснил дека пандемијата е виновна за одложувањето, а се надева дека новиот Титаник ќе заплови во 2027-ма.

Би требало да тргне од Саутемптон до Њујорк, со што би го повторил несреќното патување од 1912-та.

Странските медиуми наведуваат дека изградбата на бродот би можела да чини меѓу 500 милиони и милијарда долари. Новиот Титаник ќе биде долг 269, а широк 32.2 метри.


Просторот за 2.345 патници ќе биде распореден на девет палуби со 835 кабини. Речиси половина ќе бидат резервирани за прва класа, пренесува „CNN“.

Ентериерот ќе биде ист како кај оригиналниот брод, заедно со сала за танцување, базен и турска бања.