[ФОТО] Целото тело му е црно поради тетоважите, а обемот на рацете му е 55 см: Еве како изгледал во минатото

Точка

21/06/2025

16:06

3.605

Големина на фонт

а а а

Шпанецот Берто Варела, попознат како Берто Блек, се нарекува себеси креатор на дигитална содржина. Инфлуенсерот од Тенерифе е активен на сите социјални мрежи и има повеќе од 140.000 следбеници.

Тој е голем обожавател на теретана, но и на тетоважите. Иако некогаш имал мноштво тетоважи, сега неговото тело е речиси целосно покриено со црно мастило.


Тој крева 200 килограми на бенч, а исто така им дава совети на своите следбеници за исхраната. „Пред една година кревав 130 килограми, ова е значителен напредок“, напиша тој.



Обемот на неговите раце, како што тврди, изнесува 55 сантиметри, а за време на тренинзите дури и се зголемува.



Тој порано имал 130 килограми, но со вежбање стигнал до 115 килограми.

„Во 2025 година ќе бидам во најдобра форма досега“, рече Берто.


Процесот на „поцрнување“ на неговото тело со тетоважи бил долг и макотрпен. „Имав проблеми со кожата, а дури и се лупеше“, рече тој.


„Болеше, но вредеше“, додаде Берто, кој исто така има голема тетоважа тигар на грбот.


Инаку негова голема поддршка е неговата девојка Амбер, која, исто така ги обожува тетоважите и теретаната.



И двајцата обожуваат да позираат, а и заработуваат од нивните голи фотографии.



„Најголемото задоволство во животот е да го правиш она што луѓето велат дека не можеш да го направиш“, гласи мотото на Берт.