Кралот Чарлс ѝ даде зелено светло на Кејт да го направи она поради што ја презирал принцезата Дајана: Најважниот „благослов“ замина во рацете на снаата

Точка

25/03/2024

16:02

12.545

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон добила зелено светло од кралот Чарлс Трети, да биде во фокусот на јавноста, тврди кралскиот експерт Роберт Џонсон.

Иако британскиот монах во минатото бил љубоморен на својата поранешна сопруга, покојната принцеза Дајана затоа што во текот на неговиот брак ја направила истата работа, сега сепак одлучил да го одобри тоа.

Уште во првите месеци од владеењето на Чарлс се појавија извештаи дека во палатата постојат гласини дека популарноста на принцот и принцезата од Велс ќе ја засени онаа на кралот и неговата сопруга Камила.


Сепак, аналитичар којшто со години се занимава со изучување на британското кралско семејство тврди дека кралот Чарлс на својот син и снаа им дал благослов тоа да го направат, пренесува „Mirror“.

Да ве потсетиме, Чарлс имал поразличен став во текот на бракот на со принцезата Дајана – наводно бил екстремно љубоморен затоа што јавноста сакала да разговара со лејди Ди, а не со престолонаследникот.

Нејзината огромна популарност направила голем притисок на нивниот брак и станала камен во тој однос.

Принцезата Дајана ги потврдила таквите шпекулации во 1995 година во текот на контроверзното интервју за емисијата „Панорама“.


„Притисокот на нас двајцата како пар во медиумите беше неверојатен и голем број од луѓето погрешно нѐ сфаќаа. Одевме во Австралија на пример и сѐ што можеше да се слушне, беше: Ох, таа е на друга страна.

Сега, доколку сте маж како мојот сопруг, горд човек, ви пречи тоа доколку го слушате секој ден во текот на четири седмици. И се чувствувате лошо поради тоа наместо да бидете среќни и да го споделувате тоа чувство на среќа“, раскажала принцезата во таа прилика.

Таа додала и дека тоа предизвикало „многу љубомора“. „Поради тоа дојде до многу покомплицирана ситуација“, искоментирала Дајана.


Џонсон истакнува дека Кејт Мидлтон е таа која сега целосно ги засенила кралот Чарлс и кралицата Камила. Сепак постои важна разлика во однос на ситуацијата со Дајана: Кејт има благослов од својот свекор да го украде вниманието во јавноста.

„Додека Чарлс е оној на чија глава е круната, Вилијам, Кејт и нивните деца се тие кои ќе го украдат шоуто. Тие се обврзаа да го направат тоа. И, тоа е исправно., овојпат тоа ќе биде со благослов од Чарлс затоа што тој знае дека доколку монархијата сака да опстане мора да биде релевантна за помладата генерација“, напишал Џонсон за „Daily Mail“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг