Спиела на кревет со бубачки, очувот сексуално ја злоставувал: Водителката беше на врвот, а потоа следуваше стрмен пад...

Точка

27/04/2024

16:16

13.341

Големина на фонт

а а а

Две години откако нејзината популарна емисија беше укината, таа се враќа на јавната сцена.

Водителката Елен Деџенерис го започнала шоуто „Ellen’s Last Stand… Up Tour“, ново комичарско шоу кое би требало да се појави на „Netflix“.

„Не ми беше гајле што другите мислат за мене и сфатив... Го кажав тоа на врвот од својата популарност“, со тоа го започнала својот нов проект водителката.


Елен Деџенерис имала неколку тешки години зад себе, а поранешните членови од нејзиниот тим ја обвиниле за „токсично работно опкружување“ во текот на снимањето на нејзината емисија.

Тројца продуценти биле отпуштени поради обвиненија за недолично однесување и сексуално вознемирување, а таа јавно се извини, за потоа во 2021 година да најави дека емисијата завршува, после спектакуларни 19 сезони.

Елен е родена на 26 јануари 1958 година во Метери во предградие на Њу Орлеанс во државата Луизијана.

Таа пораснала покрај постариот брат, а имала само 13 години кога родителите се развеле. Ѝ било тешко да ја гледа мајка си која пати поради распаднатиот брак којшто траел 20 години. За да ја утеши, ја засмејувала. Хуморот го користела во тешките моменти, а подоцна и „како лек“ додека се борела со депресијата.


Мајка ѝ повторно се венчала, а додека во болница се борела со тумор на дојка, очувот сексуално ја напаѓал Елен. За тоа многу години подоцна зборувала за магазинот „Allure“ и почнала борбата против сексуалното злоставување на жените.

Во раните 90-ти таа доживеала девојка ѝ да почине во сообраќајна несреќа.

„Тогаш не се занимавав со комедија, мислам дека бев келнерка. Кога таа почина, морав да се преселам во полош стан. Спиев во некој подрум којшто беше полн со бубачки. Помислив дека би било прекрасно да можеме да го повикаме Бог и да го прашаме некои работи за кои би добиле одговор“, изјавила Елен која потоа станала стендап комичарка.

Таа брилирала на доделувањето на наградите „American Comedy“ во 1991 година, а била прогласена за најдобра стендап комичарка.


А, потоа ја започнала сопствената серија „Friends of Mine“. Кога нејзиниот лик бил прикажан како личност со хомосексуална ориентација во епизодата „The Puppy“, Елен се запишала во историјата на телевизијата.

Истата година во магазинот „Time“ признала дека е лезбејка. Мајка ѝ ја поддржала во тоа, а многумина ја осудиле. Во тоа време била многу популарна, но нејзиното признание се одразило на статусот во Холивуд. Сепак, само повремено.

На љубовно поле тогаш се издвоила љубовта со Ен Хеш. Елен изјавила дека актерката ја искористила за да се прослави. Ен Хеш почина во 2022 година откако во несреќа во Калифорнија се здобила со тешки изгореници, починала на 53 години.

„Ова е тажен ден. Ја испраќам својата љубов до децата, семејството и пријателите на Ен“, напишала Елен тогаш.


Елен потоа се сретнала со Порша ди Роси со која со години била во брак. Имало гласини дека ќе се разведат, но нивната љубов била посилна од кога и да е.

Елен во 2001 година го започнала шоуто „Ellen Show“ кое било поразлично од многу работи кои дотогаш се појавиле на телевизија.

Во него ги дочекувала познатите личности и ги прикажувала онакви какви што на ниту едно место не можеме да ги видиме.




Спонзорирани линкови

Маркетинг