Пејачот Иван Јованов од „Либеро бенд“ вчера стана татко - тој со неговата сопруга Ивана доби ќерка на која ѝ дале многу уникатно име.
Веста дека станал татко први ја објавија пријателите на Иван, а потоа и самиот Иван сподели неколку честитки за раѓањето на ќерката.
Инаку малата Ниа е родена вчера во 21 часот и 15 минути, со тежина од 3 килограми и 240 грама и висина од 49 центиметри.
Јованов и неговата избраничка Ивана претходно во септември го открија полот на бебето со трендот на отворање балони од кутија и споделија неколку фотографии на социјалните мрежи.