Секој трет женски оргазам е лажен: Психолозите ги советуваат жените да не глумат во спалната соба

Кармин

27/03/2024

18:17

11.394

Големина на фонт

а а а

Според една студија за сексуалните навики на хетеросексуалните парови, повеќето жени барем еднаш во животот го одглумиле „големото О“.

Друга студија открива факти кои се уште попогубни – дури три од четири жени глумеле оргазам барем еднаш, а секоја трета женска кулминација е лажна, пишува „Жена“.

Но, зошто се глуми во спалната соба? Постојат неколку причини. Понекогаш е практично да се одглуми оргазмот и со тоа да заврши акцијата во спалната соба, па да може да се посветиме на гледањето на нашата омилена серија или да заспиеме.


Освен тоа, жените кои се виновни за овој „грев“ наведуваат дека на овој начин сакаат да ја зачуваат самодовербата на партнерот бидејќи вистината може да го повреди. Имено, доколку партнерот дознае дека не сме ни блиску до оргазам, колку и да се труди, тоа би можело да го демотивира, па дури и да го фрустрира. Жените понекогаш веруваат дека е подобро да се преправаат дека доживеале оргазам, бидејќи на тој начин избегнуваат непријатен разговор со партнерот. Исто така, понекогаш се срамат затоа што се плашат дека нешто не е во ред со нив, особено ако никогаш не достигнале оргазам.

Сепак, психолозите тврдат дека оваа практика е лоша и дека жените треба да престанат со глумата.


Тие не советуваат да се практикуваат други, попродуктивни начини:

• Како и со другите аспекти на љубовната врска, клучот за среќата (и оргазмот) е во комуникацијата. Треба отворено да разговарате со партнерот и да ја споделите вистината со него за тоа кои се вашите желби и преференции кога станува збор за сексот. На крајот на краиштата, вашиот партнер ќе ја цени вашата искреност, а тоа што ќе ги слушне вашите фантазии и преференции, веројатно, ќе биде супер возбудливо за него. Искреноста гради доверба, а довербата е клучната состојка што ни треба навистина да се опуштиме – и да се ослободиме за време на сексот.

• Ако не сте сигурни што сакате и што ве пали – решението е во мастурбацијата. Запознајте се себеси и вашето тело за време на мастурбацијата, а потоа пренесете го наученото на вашиот партнер. И, конечно, не се обесхрабрувајте ако ви треба многу подолго од вашиот партнер за да достигнете кулминација.


• Исто така, оргазмот не треба да биде цел на сексот – сосема е во ред да завршите со акција во кревет без кулминација. Знаејќи дека сексот може да биде добро и убаво искуство дури и без оргазам може да го намали притисокот што го чувствуваме ако веруваме дека сè мора секогаш да заврши со среќен крај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг