Канаваро му се нуди на италијански великан: Би ги тренирал бесплатно

Дерби

28/03/2024

13:26

1.752

Големина на фонт

а а а

Фабио Канаваро имаше доста предизвикувачки моменти во Кина и заглави во оваа земја додека владееше пандемијата со коронавирусот, но веќе цели две години е во родната Италија и чека вистинска понуда на маса.

Легендарниот стопер е подготвен за следниот чекор во тренерската кариера и се надева дека брзо ќе пронајде ангажман, а ако се прашувал само тој, без проблеми би му подал рака на својот сакан Наполи.

Иако своите најдобри играчки денови ги имаше во Јувентус, Канаваро е роден наполитанец и навива за актуелниот италијански шампион, меѓутоа проблем за него претставува фактот што не беше ниту на пошироката листа од 50 тренерски имиња од кои бираше Аурелио Де Лаурентис минатото лесто.

– Сите ја знаете мојата љубов кон Наполи, би ги тренирал бесплатно. Сметам дека водењето на Наполи е сон за секој тренер кој потекнува од Неапол.

– Не знам зошто не бев на листата на Де Лаурентис, очигледно е дека многумина не го почитуваат тоа што го сработив во Кина. Јас сум тренер и собрав искуство, моја желба е да се вратам на работата. Во Италија сум две години и продолжувам да учам и студирам, сигурен сум дека сакам да се вратам како тренер, – потенцира Канаваро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг