„Ја изгубив невиноста на 35 години“: Познатата актерка со исповед за својот приватен живот

Точка

29/03/2024

13:20

3.602

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка која истакнува дека „доцна процветала“, отворено зборувала на теми кои и денес често се табу.

Австралиската актерка Ребел Вилсон (44) која играла во бројни популарни комедии, изминативе години доживеала многу промени.

Таа за кратко време успеала да се ослободи од вишокот килограми кој ја следел со години, се декларирала како геј и се верила, добила дете, а потоа одлучила со публиката да го сподели своето животно патување.


Ребел наскоро би требала да ги објави мемоарите „Rebel Rising“ кои веќе привлекоа големо внимание поради обвиненијата на сметка на колегата Саша Барон Коен, а актерката сега раскажала и дека во нејзинатa автобиографија зборувала за невиноста која ја изгубила на 35 години.

„Луѓето можат да чекаат додека не бидат подготвени и додека не созреат“, истакнала Вилсон во интервју за „People“, па додала: „Мислам дека тоа би можело да биде позитивна порака. Очигледно не мора да ги чекате 30-тите како јас, но не треба да бидете под притисок како млада личност“.


Таа признала и дека како млада се срамела од тоа што немала интимни односи.

„Тоа беше нејасно време, мислам дека на најдобрата другарка ѝ реков: Го направив тоа на 23 години“, открила актерката.

Ребел за себе вели дека „доцна процветала“ и дека размислувала за начините на кои нејзината сексуалност би можела да биде поразлична доколку би била родена подоцна.

„Апсолутно неверојатно, да се родев 20 години подоцна, веројатно би ја истражувала својата сексуалност. Едноставно знаев дека ме привлекуваат мажи и тоа беше нормална работа. После смртта на татко ми почнав да се отворам и иако бракот го доживував како нешто страшно, станав отворена во врска со тоа“; истакнала актерката.

Актерка минатата година се верила со бизнис жената Рамона Агрум.

„Десет години после тоа, запознав жена и се вљубив во неа, мислам дека тоа беше знак каде нашето општество се наоѓа“, заклучила таа.

Парот со помош на сурогат мајка во ноември 2022 година ја добил ќерката Ројс, а актерката е задоволна од тоа како таа и нејзината вереница се снаоѓаат како мајки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг