Доктор по кинеска медицина има решение за проблемите со грбот – запомнете дека не треба да правите една работа

Точка

29/03/2024

22:46

8.977

Големина на фонт

а а а

Луѓето кои патат од болки во грбот или остеопороза мора да знаат една работа – како да се ослободат од болката.

Докторите на кинеската медицина тврдат дека лицата кои патат од болки во грбот и остеопороза не смеат да трпат болка. Решението не е ниту пиење таблети против болки.

Целта е да се ослободите од болката, за вашето тело да не трпи. Болката правилно може да се отстрани со следните вежби.

Истегнување на грбот


Подвиткајте ги стапалата под задникот. Седнете право и наведнете се нанапред. Оваа вежба ќе го истегне ’рбетниот столб и ќе ве ослободи од болките во долниот дел на грбот, но исто така и во горниот. Со редовно вежбање може да ја намалите болката во грбот.

Вежбање на ѕид


Оваа вежба ја ублажува и главоболката, напнатоста во рамениците и вратот. Се препорачува за оние луѓе кои патат од вртоглавица.

Легнете на грб, а нозете ставете ги на ѕид. Држете ги рацете на стомакот. Затворете ги очите, рамномерно дишете и обидете се да ги исфрлите сите непотребни мисли. Пет минути во оваа положба ја намалува напнатоста во мускулите на вратот и грбот, а главоболката исчезнува.

Кучешка поза


Застанете на четирите екстремитети, грбот нека ви биде наместен во паралела со подот. Прво вдишете и главата поместете ја нагоре, а стомакот спуштете го. Потоа издишете додека главата ја поместувате надолу, а стомакот го вовлекувате. Направете ја вежбата 10 пати.

Поза пеперутка


Намалете ја болката во колковите, нозете и колената.

Седнете на под, исправете го грбот. Спојте ги нозете во стапалата, па вовлечете ги накај себе. Издржете во оваа положба околу 2 минути.




Спонзорирани линкови

Маркетинг