Предлог за брз, а вкусен ручек: Направете пилешко во сос од пармезан и павлака за готвење

Точка

29/03/2024

16:56

11.099

Големина на фонт

а а а

Кога сакате брз и едноставен, а воедно и вкусен ручек, доволно е за почеток да имате пилешко месо. Овој вид месо е прилично неутрален и одлично оди со многу намирници.

Ако додадете состојки како пармезан, спанаќ и сушени домати, ќе добиете и многу хранлив оброк.

Потребни состојки:

- 400 грама пилешки гради, исечени на тенки парчиња
- две лажици маслиново масло
- една шолја павлака за готвење
- половина шолја пилешки бујон
- една кафена лажичка лук во прав
- една лажица италијански зачини
- половина шолја пармезан
- 100 грама сечкан спанаќ
- 100 грама сушени домати


Начин на подготовка:

Во голема тава додајте маслиново масло и пржете го пилешкото на средно силен оган 3 до 5 минути од секоја страна или додека не порумени. Извадете го пилешкото од тавата и оставете го на страна.

Потоа во тавата додајте ја павлаката за готвење, бујонот, лукот во прав, италијанските зачини и пармезанот. Мешајте на средно силен оган додека не почне да се згуснува. Потоа додајте ги спанаќот и сушените домати и оставете да се динста додека спанаќот не почне да омекнува. Вратете го пилешкото во тавата и добро соединете ги состојките. По желба послужете со свежа салата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг