300 години Велика Британија немала ваков монарх: Принцот Вилијам има една посебна карактеристика која го сместува меѓу единствените во историјата

Супермен

04/04/2024

14:23

9.094

Големина на фонт

а а а

Идниот крал на Англија има бројни квалитети, многу е посветен на својата улога, но не е тоа што го издвојува од останатите.

Британското кралско семејство изминативе месеци е во центар на внимание во светските медиуми затоа што беше објавено дека кралот Чарлс боледува од канцер, а потоа се појави и страшната дијагноза на Кејт Мидлтон.

Штом се слушна за болеста на кралот почнаа да кружат приказните за принцот Вилијам, како прв наследник и човек којшто откако ќе почине татко му ќе биде на чело на монархијата.


Во текот на животот тој внимателно се подготвувал за оваа улога, со сите манири, протоколи, однесување...

Сепак, тоа не е она по што Вилијам е поразличен во однос на многу од другите владетели кои биле на чело на Британија. Она што го издвојува од останатите е неговата висина.

Кога принцот Вилијам ќе стапи на тронот, ќе стане вториот по висина монарх во британската историја. Тој е висок дури 191 сантиметар, што го става пред останатите членови од семејството.

Неговиот татко, кралот Чарлс е висок 178 сантиметри, а исто толку и покојната Дајана, принцезата од Велс. Сопругата на Вилијам, Кејт, е висока 175 сантиметри.

„Неговата висина го сместува меѓу четирите највисоки англиски кралеви во историјата, покрај Едвард Први, Едвард Четврти и Чарлс Втори“, вели кралскиот коментатор Весли Кер.

Едвард владеел од 1272 до 1307 година и бил познат како „Едвард со долгите дланки“ и бил висок 188 сантиметри што за тоа време било необично.


Чарлс Втори владеел од 1630 до 1685 година, а кога имал само четири месеци неговата мајка велела дека изгледа како да има една година. И тој бил многу висок и се борел во битките на 12 години.

Највисокиот британски монарх бил Едвард Четврти со 194 сантиметри висина. Едвард владеел речиси 22 години, од 1461 до 1483 година, со кратка пауза во 1479 година кога бил отстранет од тронот на шест месеци.

Весли, принцот го нарекол „топол, шармантен и полн со почит кон сите“, велејќи:

„Вилијам е можеби нов вид на лидер којшто може да ја одржи монархијата релевантна и резонантна во наредните децении“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk