30 години подоцна – откриени! Покојниот актер по кој лудувала секоја девојка во 90-тите бил во тајна врска со најголемата поп ѕвезда

Точка

09/04/2024

18:16

22.181

Големина на фонт

а а а

Додека милиони девојки ширум светот фантазирале за него, згодниот актер ја криел љубовта со жената која денес е жива легенда на поп музиката.

Во текот на 90-тите, неколку американски серии направиле вистинска сензација, а меѓу нив секако е и хитот „Beverly Hills, 90210“, кој лансирал неколку големи ѕвезди.

Еден од нив бил и актерот Лук Пери, кој со години важел за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, а ретко која убавица можела да одолее на неговиот шарм.


Имено, како што сега открила неговата колешка Тори Спелинг, неколку децении по големиот успех на нивната заедничка серија, една од оние кои не останале имуни на Лук Пери била – Мадона!

„Никогаш нема да заборавам кога ме вовлече во својата соблекувална и ми кажа“, открила Тори. „Чувствував дека има доверба во мене – ’Ох, Боже, па тој ми зборува за Мадона!‘“.

Таа се присетила дека актерот ѝ пуштил говорна пошта која кралицата на попот му ја испратила на Лук.


„Ми пушти нејзина порака. Бев во фазон: ’Ти си најкул личност на светот. Бидејќи, под еден, ти си Лук Пери, а под два – Мадона те посакува“, зборувала актерката во поткастот „90210MG“.

Сето тоа се случувало на почетокот на деведесеттите, кога Лук преку ноќ станал еден од милениците на женската публика. Како што пишувал „Vanity Fair“ уште во 1992 година, кога се шпекулирало дека Лук и Мадона се блиски, тие се запознале на хуманитарна вечера во Лос Анџелес кон крајот на 1991 година.

Мадона лично го поканила актерот тој лично да ѝ ја додели наградата откако Елизабет Тејлор, која првично требало да ѝ ја додели наградата за нејзиниот придонес во борбата против СИДА, добила грип. Во таа прилика, тие се бакнале на сцената, што ги подгреало гласините дека не станува збор за маркетиншка шега, туку дека постои нешто повеќе меѓу нив.


Не е познато колку долго биле заедно, но Лук во 1993 година се оженил со Рејчел Шарп, со која останал до 2003 година и ги добил ќерката Софија и синот Џек. Лук почина во 2019 година по мозочен удар, на 54-годишна возраст.

Мадона потоа имала неколку големи љубови, меѓу кои актерот Карлос Леон, со кој ја добила ќерката Лурд и режисерот Гај Ричи, со кого го добила синот Роко. Пејачката потоа посвоила четири деца: Дејвид, Мерси, Стела и Естер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг