Лекар советува на која возраст треба во целост да престанете да пиете алкохол

Точка

29/04/2024

17:00

11.353

Големина на фонт

а а а

Голем број луѓе одвреме-навреме уживаат во алкохолни пијалаци. Но, некои многу често знаат да претераат, што не е добро за целокупното здравје.

Доколку сакате да го одржите вашето здравје, познат невролог открива кога треба трајно да престанете да консумирате алкохол.

Во својата книга „Како да се спречи деменција“ од 2023 година, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак ја открива врската помеѓу алкохолот и шансите за добивање одредени болести.


Тој навел дека алкохолот е „директен невротоксин“, што би значело дека редовното консумирање или пиење алкохол во големи количини може да биде штетно за функцијата на мозокот, вклучувајќи ги и другите органи.

„Запрашајте се: „Зошто пијам?“. Ако одговорот е: „Бидејќи алкохолот ми помага да го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на ризик и веројатно е најдобро да престанете целосно да консумирате алкохол“, објаснува тој.

Д-р Рестак предложува сериозно да размислите да се откажете од пиењето откако ќе наполните 65 години.


„Воопшто не пијам. Мислам дека треба да престанете околу 65 години. На таа возраст вашиот мозок веројатно испил онолку алкохол колку што му е потребен на вашиот организам“.

Кога алкохолот му наштетува на мозокот, тоa влијае и на агилноста на вашето тело и со тоа се зголемува ризикот од пад.

„Стапката на смртност од падови се зголемува, особено кај постарите мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние кои веќе се погодени од други причини за падови, како што се мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата и земање лекови“, додава докторот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг