Нејмар сака да го купи и спаси великанот кој моментално ги проживува најтешките денови во историјата

Супермен

09/04/2024

20:37

24.106

Големина на фонт

а а а

Славниот бразилски фудбалер Нејмар размислува да го купи својот некогашен клуб во кој се прослави, а кој моментално ги проживува најтешките денови во својата богата историја.

Станува збор за еден од најголемите бразилски клубови, Сантос. Кон крајот на минатата година, за првпат во историјата, овој гигант испадна од елитниот ранг, што е удар каков што никој од навивачите на Сантос не можел да го очекува.

Додека тимот се подготвува за првпат да заигра во вториот ранг на бразилскиот фудбал, иднината на клубот е доведена под знак прашалник поради долг од 130 милиони евра. Се бараат спасители, а тоа може да биде Нејмар.

Нејмар ја започна својата кариера токму во Сантос, а во последно време сè почесто се споменува неговото враќање во клубот. Сепак, денешните информации од Бразил и Шпанија велат дека Нејмар е заинтересиран да го купи и спаси овој славен клуб и би се приклучил на потфатот заедно со неговиот татко.


Според пишувањата на Бразилците, Нејмар има намера да го направи она што го направи легендарниот Роналдо Назарио со Крузеиро во 2021 година. Роналдо го купи клубот откако испадна во понизок ранг, за 80 милиони евра купи 90 отсто од акциите, а само 9 месеци подоцна го врати тимот во повисок ранг.

Нејмар моментално има договор во Саудиска Арабија од кој заработува 100 милиони евра по сезона, па веројатно има добра заштеда за да може да си дозволи да го купи својот сакан клуб.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk