Докторите советуваат: Овие зачини треба да ги додавате во сите јадења – прават чуда за организмот и помагаат при воспаленија

Точка

11/04/2024

10:14

8.325

Големина на фонт

а а а

Д-р Пола Даидон, Џоан Вен и д-р Гретчен Сан Мигел за магазинот „SheFinds“ откриле кои противвоспалителни зачини треба да ги додавате во речиси сите јадења поради предностите кои ги носат со себе.

Воспаленијата, иако се природна реакција на телото, може да станат хронични и да доведат до различни здравствени проблеми, особено кога старееме.

Меѓутоа, природата нуди мноштво противвоспалителни зачини од кои секој содржи биоактивни соединенија кои се истражени поради своите моќни противвоспалителни својства.

Вклучувањето на овие зачини во исхраната на лицата постари од 40 години може да понуди бројни здравствени предности и потенцијално да помогне во управување со различни состојби.


Ѓумбирот е познат по својот посебен вкус и ароматичен квалитет, а тој не е само основна намирница во кујната ширум светот туку може да се пофали и со извонредната низа здравствени предности, особено за поединците кои сакаат да се борат против воспаленијата и да го унапредат целокупното здравје.

Ѓумбирот содржи соединенија како гингерол којшто е поврзан со намалување на воспаленијата и подобрување на когнитивните функции.

Исто така тој има и позитивно влијание на вашиот метаболизам којшто има тенденција да го забави стареењето.

Ѓумбирот ја зголемува и термогенезата на вашето тело што предизвикува поголема стапка на согорување на калориите.

Покрај брзиот метаболизам, другите предности вклучуваат својство на стабилизирање на шеќерот во крвта и сузбивање на апетитот којшто природно може да го забрза процесот на слабеење.

Главно за големите противвоспалителни својства куркумата и нејзиното активно соединение куркумин е најважно заради тоа што може да ги модулира воспалителните процеси во телото.


Зачините како што е куркумата имаат термогено влијание на телото и предизвикуваат телото да произведува повеќе топлина со што се согоруваат повеќе калории.

Антиоксидативното својство на куркумата може да помогне во намалување на инсулинската резистенција, шеќер во крвта, нивото на холестерол и другите метаболистички состојби кои се резултат на гојазност.

Баш како и ѓумбирот, куркумата е одлична и за вашиот мозок. Куркуминот може да помогне во подобрување на функциите на мозокот и намалување на оксидативниот стрес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг