Што следува за биткоин, голем пад или соборување на рекорд? Истражување открило интересно размислување

Точка

11/04/2024

22:32

8.917

Големина на фонт

а а а

Спроведеното истражување во САД покажува дека многу повеќе луѓе веруваат дека биткоинот до крајот на годината би можел да заврши со голем минус, во однос на новите рекордни вредности.

Тргувањето со криптовалути има добри и лоши периоди. На пример, 2022-ра година беше одбележана со постојан пад на вредноста на најпопуларната криптовалута и инвеститорите со неверување гледале како нивната инвестиција се топи и исчезнува со голема брзина. Од друга страна, по тој голем пад уследил позитивен период и биткоинот во последно време повторно држи висока цена и соборува рекорди. Многумина очекуваат дека таа вредност и натаму ќе расте, се споменуваат бројки и од 100.000 долари, но прашање е до кога биткоин ќе расте, односно кога ќе почне новиот пад.

„Deutsche Bank“ неодамна направи истражување околу иднината и движењето на цената на биткоинот на основа на 3.600 луѓе во САД, а резултатите од тоа истражување се прилично интересни. Имено, околу третина од испитаниците веруваат дека биткоинот до крајот на годината би можел да дочека вредност помала од 20.000 долари, што би претставувало радикален пад во однос на моменталната вредност. Иако станува збор поприлична бројка од луѓе кои не веруваат во иднината на биткоинот, треба да се нагласи дека тој процент во однос на претходните месеци се намалува и дека во јануари 36 проценти од луѓето сметале дека биткоинот би можел да заврши со вредност пониска од 20.000 долари, додека во февруари тој удел изнесувал 35 проценти. Во последното истражување направено во март тој процент паднал на 33 проценти.


Додека претходно често можевме да прочитаме дека криптовалутите се измама, според ова истражување, уделот на луѓе кои така размислувале изнесува само 1 процент. Што се однесува до големите оптимисти кои веруваат дека биткоин повторно би можел да собори рекорд и да достигне вредност од 75.000, такви се само 10 проценти. Сепак во пораст е бројот на оние кои сметаат дека крипто во иднина ќе биде важен облик на инвестиција и метод на плаќање – додека во септември минатата година тој удел изнесувал помалку до 40 проценти, сега пораснал на 52 проценти.

Со оглед на тоа дека се ближи „халвинг“ во текот на кој добивката на „рударите“ се намалува за половина, а кои секогаш ги следат големите растови на биткоинот, треба да се очекува дека, барем во блиска иднина, оваа криптовалута ќе продолжи да расте. Но, како и секогаш кога станува збор за крипто, треба да се нагласи дека нема строги правила кои гарантираат раст.

Затоа при тргувањето и носењето на одлуки за инвестирање, секогаш треба да се биде многу внимателен, советуваат бројни експерти од финансиската индустрија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг